Д-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија во Србија истакнува дека од почетокот на епидемијата на Ковид-19, Институтот ги следи ефектите на природната корона инфекција со вирусот и времетраењето на имунитетот по прележувањето, како и по вакцинацијата.

Гњатовиќ, за РТС, објаснува дека Инситутот досега обработил повеќе од 10 000 примероци на вакцинирани лица.

Јасно е дека вакцините од поновата генерација како што се „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“ развиваат имунолошки одговор нешто порано од вакцината „Синофарм“ – истакнува таа.

Д-р Гњатовиќ додава дека е утврдено дека антителата се појавуваат неколку недели по првата доза и додаде дека втората доза ја зголемува концентрацијата на антитела и го продолжува времетраењето на заштитата. Кога станува збор за вакцината „Синофарм“, за која вели дека е лесна и безбедна вакцина, д-р Гњатовиќи вели дека имунолошката заштита се случува подоцна, односно неколку недели по втората доза.

Вакцините со современа технологија ќе обезбедат заштита од најмалку една година. Што се однесува до вакцината „Синофарм“, претпоставуваме дека ќе биде помеѓу шест месеци и една година – вели д-р Гњатовиќ.

Таа посочува дека по исчезнувањето на антителата, организмот нема да ги создаде, туку ќе се активира клеточниот одговор кога ќе има потреба од тоа, што е суштината на вакцинацијата.