Ана Николиќ ја шокира јавноста со видео за физичко насилство од партнерот
Фановите на Ана Николиќ останаа шокирани откако таа сподели вознемирувачко видео на социјалните мрежи, кое го документира наводното физичко насилство од нејзиниот партнер, композиторот Горан Ратковиќ Рале, пренесува Телеграф.
Во видеото се забележуваат модринки на главата и лузни на нозете на Ана, како и делови од разговорот со Рале во неговиот стан.
– „Колку чини сè, долг…?“ – извика Ана.
– „40 илјади евра“ – одговори тој.
– „Од кога?“ – праша таа.
– „Од денес“ – додаде Рале.
– „Чинам милијарда!“ – вознемирено реагираше Ана.
По инцидентот, пејачката истакна дека не сака повеќе да го види Рале:
– „Го оставив клучот кај него дома, полицијата е кај него. Не сакам повторно да одам во таа куќа, дури ни мртва. Не сакам повеќе да го видам со свои очи. Ова е крајот, го пријавив во полиција, доста е“, изјави Ана Николиќ за Телеграф.
Најавено е дека случајот ќе продолжи со официјална истрага од надлежните органи, а јавноста внимателно ја следи разврската на овој настан.
View this post on Instagram