На денешната емисија „Утро со Златев“ беше гостин адвокатот Александар Бежовски кој поднесе иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставност и законитост на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

– Повредата на Уставот се однесува на членот 53 каде се пропишува дека адвокатурата е самостојна и независна јавна служба којашто обезбедува правна помош и врши јавни овластувања кои може да бидат одредени со закон, започна Бежовски.

Според него нарушена е и слободата и тајноста со овој закон. Наведува дека се повредени повеќе членови кај Законот за адвокатура, а тоа се: член 15, член 17, член 21 и член 22. Вели дека со новиот закон адвокатите не можат самостојно да ги вршат своите дејствија, а потенција дека според членот 22 не е допуштено да се прават истражни дејствија.

Бежовски: Со новиот закон од адвокатите прават кодоши над своите клиенти

Исечок од денешното гостување на Александар Бежовски на Радио Лидер

Posted by Радио Лидер on Wednesday, March 17, 2021

– Адвокатурата е оневозможена по Устав и по Закон самостојно и тајно да ги чува тајните. Адвокатурата не може да дава квалитетна правна помош која по Устав е загарантирано човеково право, вели Бежовски

Завршува дека повреден е член 63 и вели дека практично со овој закон адвокатуте стануваат кодоши на своите клиенти.

– Ние во овој момент по закон ние сме кодоши на своите клиенти и тоа е недозволиво, завршува Бежовски