Судијата Ханиф Зендели е избран за нов потпретседател на Судски совет. Тој беше предлог на членот Ивица Николовски. Како нов челник на Советот, посочи дека може да се донесат мудри и паметни одлуки.

 

Судијата Ханиф Зендели е избран за нов потпретседател на Судски совет. Тој беше предлог на членот Ивица Николовски. Како нов челник на Советот, посочи дека може да се донесат мудри и паметни одлуки.

„Многу кажа колегата Ивица. Благодарам на поддршката. Состојбата е таква каква што е, знаеме сите. Во оваа состојба мислам дека заедно можеме да постигнеме резултати. Да направиме чекори кои личат на Судски совет, да донесеме мудри, паметни и добри одлуки“, рече Ханиф Зендели.

Претходно, Николовски кажа дека Зендели може да раководи со Советот.

„Мојот предлог е за заменик претседател, го предлагам Ханиф Зендели. Колегата е долгогодишен судија, помина Основен суд, подолг период беше и апелационен судија. Исто така, судијата тој беше претседател на суд. Овие негови придобивки ми даваат надеж дека располага со знаења и доволно искуство во менаџирањето како претседател, во комуникациите суд-Судски совет. Како член на Судски совет е подолг период тука, што имал можност да го збогати своето искуство во решавањето на потребите, проблемите поврзани со судството. Во овој момент, двајца судии ќе го раководат Судски совет“, рече Ивица Николовски.