Ние сме меѓу себе поврзани затоа што вашата судбина е и моја судбина. Нашите судбини се испреплетени, тоа мора да го разбереме сите. Болката на другите е и моја болка. Разочарувањата на луѓето се и мои разочарувања. Вашата битка е и моја битка, јас верувам во тоа. Ве молам, приклучете ми се во таа моја верба и во тој мој сон, се вели во Фејсбук статусот на Мицкоски.