Иако Владата во рок од 14 дена требаше да утврди дали објавените информации се точни и да утврди одговорност, сепак си даде рок од дополнителни седум дена кога треба да донесе заклучоци како ќе постапува понатаму.
Министерството за економија, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Бирото за метрологија, доставиле извештаи до вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Извештаите содржеле информации во врска со почитувањето на одредбите од Правилникот за квалитетот на течните горива, податоци за увоз на нафтени деривати во периодот 2018-2020 година, информации во врска со почитувањето на одредбите од Правилникот за квалитетот на течните горива, податоци за увоз на нафтени деривати во периодот 2018-2020 година, извршени надзори од страна на инспекторатите во компаниите увозници и корисници.
-Се работи за обемна документација и по направениот пресек на досегашните добиени информации, се донесе одлука дека е неопходно за одредени наоди, дел од надлежните институции да достават дополнителни информации во рок од седум дена. Царинската управа е дополнително задолжена, да го дополни извештајот со податоци за сите компании увозници на мазут и масло за ложење за периодот 2018-2021 година. Исто така, Царинската управата треба да достави извештај за постапување по претставки за увоз и извештај со податоци за спроведени контроли на мазут во нивната лабораторија и во акредитираните лаборатории, соопштуваат од Владата.
Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и Министерството за економија, заедно со Царинската управа, ДПИ и ДИЖС, по извршените анализи на треба да направат сублимат и да го достават на следната владина седница.
Дополнително, Владата ја задолжи Царинската управа да ги споделува сите информации за влез на нафтени деривати со ДПИ, со цел поефикасно спроведување на надлежностите.
-Во текот на следните денови од страна на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Министерството за економија, Царинската управа, ДПИ и ДИЖС, детално ќе бидат анализирани и сублимирани досегашните добиени податоци, со цел да се добие целосна слика за фактичката состојба, по што на следната владина седница ќе се донесат соодветни заклучоци за понатамошно постапување, додаваат од Владата.
Во документарецот на Истражувачката репортерска лабораторија „Заговор против воздухот“ во којшто беше откриено дека отпадно масло се увезувало како мазут и се горело во болници и државни институции, но и приватни компании.