Притоа истовремено Царовска во своите настапи само ја потврдува оправданоста на бројните реакции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а сега и од огромен број на родители и наставници кон експериментите во образованието, велат од партијата.
-Пример за оправданите реакции против концептот. За ранливите категории на ученици училиштата ќе обезбеделе копии на дигиталните учебници. Дури и да дојде дотоа училиштата а не семејствата на учениците да мора да “обезбедаткопии”, Мила Царовска да излезе и јавно да презентира и да објасни како тоа “мултимедијалнитесодржини со видеа“ од дигиталните учебници ќе ги има во фотокопиите?
Притоа, како децата на фотокопија ќе видат дали “рибата е црвена, портокалова или шарена”. Токму примерот со рибите таа сама го посочуваше на ТВ емисија,објаснувајќи како без дигитални учебници фотокопиите немаат вредност.И токму тоа и сите го укажуваат, Царовска. Само книгите, учебниците имаат вредност. Затоа треба печатен учебник, а не фотокопија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како втор пример ја посочуваат и најавата училиштата да обезбедат библиотечен фонд на таблети.
Царовска, очигледно не ја знаеш состојбата во училиштата, училиштата не може да обезбедат хартија запечатење за наставниците! Училишта пливаат во долгови за стуја, греење оваа зима не имуклучуваа на наставниците за да држат онлајн настава од училиште.
Трет пример: Наставниците не предаваат учебници, предаваат програми, па дали тоа вопревод значи дека на наставниците не им требаат учебници? Добро, учебници им требаат на децата и тоа наоние кои не можат да си дозволат дигитализација. Нели ученикот е центар навниманието во новата концепција?
Крајно време е Мила Царовска од светот на нејзината замисла да се врати во реалноста насопствената земја. Тоа би било во корист на учениците и знаењето.
Зошто на Царовска и е проблем децата да имаат нови, модерни учебници? Која е вистинската причина за да не се печатат учебници? Книгата и знаењето немаат цена!