Според најавите, пратениците Антонијо Милошоски и Тимчо Муцунски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска прво ќе се сретнат со пратеници од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова, Боби Мојсоски и Маја Морачанин, а подоцна и со пратеникот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Милошоски и Муцунски пред пратениците од мнозинството ќе ја презентираат предлог-резолуцијата „за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните блокади од Бугарија“.