ВМРО-ДПМНЕ со честитка за големиот христијански празник

ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, на сите православни верници, истакнувајќи ја важноста на семејните и духовните вредности.

„Мајката Божја е симбол на скромноста, трпеливоста, човечноста, споделувањето на радоста и тагата и подавањето рака секому кому му е потребна.Со обележување и празнување на Успението на Богородица, ги празнуваме, почитуваме и вреднуваме вековната традиција, семејството и семејните вредности, разбирањето и љубовта кон ближните, пожртвеноста и подготвеноста за надминување на искушенијата.Овие се начела на Мајката Божја кои не прават подобри човечки битија и се извор на духовната сила на сите верници.

Нека ни е за многу години Пресвета Богородица и во духот на заедништвото со мир, спокој и добро здравје да го прославиме“, се наведува во честитката.