Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,1%, којшто се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.

– Во март 2024 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2) забележа месечен пад од 0,9%, којшто се должи на намалените депозитни пари и краткорочни депозити, во услови на раст на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 6,6%, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, при забележан раст и на останатите компоненти.