На дневен ред на 29-тата седница се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за лична карта и на Законот за прекршоци, двата по скратена постапка.

На продолжението на 30-тата седница, на дневен ред се останати уште три точки, Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка и два предлог-закона за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште и Законот за животна средина, двата во прво читање.

Во рамки на 34-тата седница, пред претаниците на дневен ред се повеќе предлог-закони, како и Информацијата за нацрт-концепција за основно образование.

На дневен ред на 39-тата седница, се Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој со цел дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локалните патишта, во скратена постапка, како и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД-19 одговор на Македонија – Развојната банка на Македонија АД Скопје, наменет за финансирање мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициска банка и Развојната банка на Македонија АД Скопје, исто така, по скратена постапка.

На продолжението на 41-та седница, на дневен ред се повеќе предлог-закони, во второ читање, меѓу кои Законот за комплементарна и алтернативна медицина, Законот за лековите и медицинските средства и Законот за заштита на правата на пациентите.

Во Собранието денеска седница треба да одржи и Комисијата за труд и социјална политика, на чиј дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во второ читање.