Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, зголемување има во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и дејностите поврзани со нив каде изнесува 437,7 проценти. Зголемување од 147,2 проценти има и во одделот Објекти за сместување.