Возач го оставил возилото и побегнал од местото на настанот

Во трагична сообраќајна несреќа што се случи околу пладне во центарот на Скопје во близина на мостот Гоце Делчев, велосипедист загина откако бил удрен од автомобил „волксваген пасат“. Засега неидентификуван возач го оставил возилото со скопски таблички и побегнал од местото на настанот, соопшти СВР Скопје.

Случајот бил пријавен во полиција околу 12.30 часот, а полициски екипи веднаш извршиле увид на местото на несреќата.

Движењето било привремено ограничено

Поради несреќата, движењето по булеварот Гоце Делчев било оневозможено за сообраќај во текот на извршувањето на увидот. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за идентитетот на возачот или околностите што довеле до несреќата.