Станува збор за 58 примероци од локални сорти грав, пиперка, домат, граор, босилок, тиква, пченка, пченица, морков, лук, пепун, праз, како и ретки видови диви растенија како Бертолониева жалфија, флорентинско јаболко, киселец, острика, класатка и други.
Семето и податоците за семето предадени на Факултетот ќе бидат достапни за користење од домашни и странски институции за научни цели и може да се дадат на чување во друга меѓународна ген-банка.
Проектот за предавање и конзервација на вредната збирка стари семиња е спроведен во рамки на пошироките активности за зачувување на Белчишкото Блато. Со нив е предвидена изработка на Студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за негово прогласување за заштитено подрачје со теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето.
Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) од каде блатото е препознаено како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава