И покрај барањето на лозаропроизводителите за покачување на висината на откупната цена, владата ниту оваа година не се ни потруди да обезбеди реална откупна цена од 18 денари за килограм винско грозје, усогласена со движењето на регионалната откупна цена во висина од 30 еуро центи за килограм винско грозје, пишува Димовски

Во продолжение неговиот став

Според винскиот катастар вкупната површина под лозови насади во Република Македонија изнесува околу 25 до 26 илјади хектари на кои во најголем дел се произведува винско грозје. Многу помали се површините на кои се одгледуваат сортите на трпезно грозје.
Генерално, со одредени отстапувања вкупната реколта изнесува приближно 240 илјади тони грозје, од кои околу 40 до 50 илјади тони се трпезно грозје, а преостанатите 180 до 190 илјади тони се винско грозје. Пласманот, односно откупот на трпезното грозје вообичаено се реализира без особени проблеми и во делот на релативно добрата откупна цена и на вкупно откупената количина која во многу помал дел се пласира на домашниот пазар, а најголемиот дел се извезува на традиционалните пазари.
И покрај податоците за помалата количина на овогодишната реколта вкупниот род на винското грозје веројатно ќе се движи околу 180 илјади тони грозје.
Ќе напоменам дека околу 40 илјади тони винско грозје се користи во домашна преработка кај лозаропроизводителите, што значи дека предмет на откуп од страна на винарските визби е количината од 140 илјади винско грозје!
Меѓутоа, загрижувачка е информацијата од здруженијата на лозаропроизводителите дека оваа година винарските визби ќе откупат околу 90 илјади тони грозје⁉️
Тоа всушност е само потврда дека надлежните институции не се способни да спроведат организиран откуп на винското грозје во кој ќе биде откупена целата произведена количина.
Доколку минатата година изговор за историски најкатастрофалниот откуп на винското грозје беше здравствената криза оваа година нема никакво оправдување. Напротив, тоа е само потврда за немоќта, неспособноста, незнаењето на најповиканите институции барем еднаш да застанат во заштита на интересот на земјоделците❗
Што со преостанатите 50 илјади тони винско грозје? Кому ќе му се предадат, кој ќе ги откупи, дали ќе се сметаат за “пазарен вишок” и како владата ќе ги заштити лозаропрпизводителите❓
Можеби повторно како лани ќе ги “пушти низ вода” на милост и немилост на безочноста на одредени вонарски визби❓
Уште позагрижувачки е фактот дека сеуште не е дефинирана висината на откупната цена за килограм предадено винско грозје⁉️
За постигнување на договор е премногу доцна, висината на откупната цена е предмет на разговори и договори меѓу засегнатите страни далеку порано, во април најдоцна во мај. Подеднакво на дефинирањето на вкупните количини винско грозје кои ќе бидат откупени посебно од секоја винарска визба.
Немам намера да ги преповторувам сите чекори кои институциите се задолжени да ги реализираат за да се овозможат услови и амбиент на редовен организиран откуп на винското грозје.
Конечно, за околу 40 до 50 илјади тони винско грозје откупот ќе биде проблематичен, отежнат или невозможен.
Што значи тоа❓
Планиран притисок врз лозаропроизводителите да прифатат било каква откупна цена која ќе биде понудена од страна на винарските визби и молчешкум потврдена од страна на државните институции‼
Која би била висината на откупната цена❓
Веројатно, со свесно манипулирање со шеќерните единици, максимот би бил 9 денари за килограм Смедеревка и 11 денари за килограм Вранец со максимална соддржина на шеќерните единици во гроздовото зрно⁉️
Спрегата помеѓу винарските визби и државните инстуции на дело и на штета на лозаропроизводителите‼
И покрај барањето на лозаропроизводителите за покачување на висината на откупната цена, владата ниту оваа година не се ни потруди да обезбеди реална откупна цена од 18 денари за килограм винско грозје, усогласена со движењето на регионалната откупна цена во висина од 30 еуро центи за килограм винско грозје‼
Оттаму е впечатокот дека владата е целосно незаинтересирана за катастрофалните состојби во земјоделството чиј генератор е токму таа‼