И двете собраниски тела треба да го разгледаат Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владите на другите страни на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа за аранжманите со земјата-домаќин за Секретаријатот на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Законот за Бирото за развој на образованието, на Законот за инвестициски фондови, во прво читање, како и предложените измени и дополнувања на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух , во второ читање.

Во законодавниот дом е предвидена и работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците.