Во 2019 та оваа бројка беше за 44% пониска, или статистиката изброи скоро 22.500 социјалци. Овие лица живеат со максимум 12,000 денари, ако станува збор за 4 члено семејство со едно работонеспособно лице. Според министерството за труд сумата за еден член корисник на помош изнесува 4,000 денари,а за секој нареден се зголемува. Најчесто корисници се семејствата со 2 возразни и 2 деца, кои можат да добијат помош од 10.600 денари од државаа.

Според истражувањето на Фајнанс Тинк, пандемијата најсилно ги погоди најмалку платените работници. Од нив, 7 илјади останаа без работа и тоа најмногу лицата кои работеле во домот на работодавачот, како негувателки на деца. Нивниот доход им се намалил за 90% во споредба со заработката пред пандемијата. Сите биле без договор за вработување, токму формализацијата на работното место ќе биде приоритет за Синдикаторт и работодавачите.

Од Фајнанс Тинк бараат државата во новиот предлог закон за работни односи, кој веќе се подготвува, да се вметне регулаторна забрана ваквите договори да се продолжуваат бесконечно., но и да се воспостави механизам непријавените да влезат во системот. Сметаат дека на овој начин значително ќе се намалат бројот на социјалци и сиромашни во државата.