„Ќе треба да има дипломатска нота во којашто ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија и нема територијални претензии. Дека не се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права. Голем дел од спомениците, коишто ги има и во Бугарија и во Република Северна Македонија треба да бидат во пријателски дух, така што не смее фашизмот да има етничка димензија. Во голем дел од спомениците кај нас тоа е направено, каде што иа бугарски фашистички окупатор тоа е избришано, стои само фашистички окупатор, затоа што не можете нација да обвините за тоа“, рече Заев.