Од опозицијата велат дека Заев нема зошто да мисли на граѓаните и животниот стандард кога веќе донел одлука, да искористи се што може и тоа само за себе и за неговата екипа.

– Затоа нема никакви реформи, нема никакви мерки, има само поскапувања. Има само нови такси, поскапа струја, какво се не ти зголемени давачки. Едноставно кажано има само катастрофална финансиска политика, ако истата може да се нарече и политика. Токму поради Заев и неговата екипа граѓаните ќе плаќаат нешто повеќе од 4 денари или 4,13 денари повеќе за секој литар гориво, се вели во соопштението.

Целта на власта е една да ја полни буџетската дупка која ја создадоа токму тие со нивното расипништво. За само четири години власт од Заев и неговата екипа долгот се зголеми на рекордни 7,2 милијарди евра, или 63% од БДП.

Колку за илустрација, Заев на секое семејство му натовари нов долг од 4.800 евра за време на својата власт. Заев со новите зголемени давачки само сака да ја покрие својата лоша економска политика, крајно недомаќинско работење, а со тоа само дополнително ги осиромашува граѓаните. Во меѓувреме, не направи ништо, нема капитални инвестиции, ама има нови долгови, потрошени пари за кои никој не дава отчет, додаваат во соопштението.

Опозицијата се повика на новиот слоган на партијата и побара сите да стават крај на СДСМ и Заев.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.