-Секако прво треба никој да не го прогласуваме виновен додека тоа не се докаже. Но штом има прифатено меѓународна потерница тоа значи дека една држава веќе издала правен акт, тоа е Ерменија. И тоа е докажано само во таа држава. Во делот на меѓународната правна помош и на меѓународната регулатива наше е прво да го видиме предметот и да ги видиме доказите. Тоа се што знам јас е на пример од медиумите, затоа што ние добиено предмет, немаме правно толкување на кои членови од законот во таа земја се прекршени и слично. И навистина не е мое да коментирам детали. Но, дефинитивно она што ќе кажам е дека секако секој треба да си одговара доколку го прекршил законот и дома и надвор од државата. Но, да оставиме прво да видиме за што навистина се работи, рче Заев во одговор на новинарско прашање.

Се работи, додаде, за една земја која што не ни е толку позната, не е некоја од соседството, не ги знаеме деталите.

Тој потенцира дека се почитуваат меѓународните стандарди и договори кои што постојат.

Прво, како што нагласи, се работи за наш граѓанин и апсолутно ние секој наш граѓанин стоиме позади него се додека не ни достави некој материјали дека направил кривично дело надвор од државата спротивно на законите во тие држави каде што бил и сл. Втора работа што треба да се знае е дека дипломатите своите работи ги завршува дел дома во МНР и дел во нашите амбасади и тие се на ниво на амбасадор – советник, амбасадор – соработник и слично коишто работат во институциите. Тоа што го знам дека овој човек, дипломат бил доста активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и на Антонио Милошоски и на Никола Поповски министерот, тогаш бил и назначен во ОБСЕ по различни линии, односно прво гледате дека е и активен човек во времето на ВМРО-ДПМНЕ, бил испраќан и понатаму на мисии. Тие се вработени луѓе во МНР, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека затоа сите детали коишто ќе стигнат од аспект на МНР ќе ги соопшти министерот за надворешни работи, а од аспект на министер за внатрешни работи и од министерот за правда во делот на истрагата.