САД ја критикуваа пресудата со која на Марин Ле Пен ѝ се забранува политичка активност

САД ја критикуваа пресудата за Марин Ле Пен. Соединетите Американски Држави во понеделникот ја критикуваа одлуката со која на лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, ѝ се забранува политичка активност во следните пет години поради злоупотреба на средства доделени за нејзините помошници во Европскиот парламент.

„Мораме да сториме повеќе како Запад. Наместо само да зборуваме за демократските вредности, мораме да ги живееме“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.

Таа додаде дека исклучувањето на луѓето од политичкиот процес е „особено загрижувачко“.

Зошто се забранува кандидирање на Марин Ле Пен?

Марин Ле Пен во понеделникот беше прогласена за виновна за злоупотреба на фондовите на ЕУ и осудена на петгодишна забрана за вршење јавна функција, што ќе ја спречи да се кандидира за претседател во 2027 година. Ваквата пресуда би укинала ако поднесе жалба на пресудата. Судот исто така ја осуди Ле Пен на четири години затвор, од кои две условно, како и на парична казна од 100.000 евра.

Марин Ле Пен доби забрана за кандидирање на изборите во 2027 година

Ле Пен, нејзината партија и 24 членови на партијата се обвинети дека пренасочиле повеќе од три милиони евра од Европскиот парламент за плаќање персонал во Франција. Тие тврдат дека обвиненијата се базирани на тесно толкување на улогата на пратеничките асистенти.

Доналд Трамп Џуниор во одбрана на Ле Пен

На пресудата преку платформата X реагираше и Доналд Трамп Џуниор, син на поранешниот американски претседател.

„Франција ја испраќа Ле Пен во затвор и ја спречува да се кандидира за претседател. Дали се обидуваат да докажат дека Џеј-Ди Венс бил во право?“ – напиша тој, алудирајќи на неодамнешниот говор на американскиот потпретседател на Минхенската безбедносна конференција.

Венс тогаш ги обвини европските сојузници за ограничување на слободата на говорот и демократските вредности, како и за непочитување на волјата на граѓаните. Како примери ги наведе одбивањето на германските партии да коалицираат со крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD), и поништувањето на претседателските избори во Романија, каде што по првиот круг победи крајнодесничарскиот кандидат Калин Џорџески, кому подоцна му беше забрането да се кандидира.

Дали левицата се плаши од силна десна опција во Франција?

Во Франција со децении постои т.н. „републикански блок“, стратегија во која сите партии се здружуваат против крајната десница за да ги елиминираат нивните кандидати. Сепак, последните години, и покрај оваа стратегија, Националниот собир (поранешен Национален фронт) успеа значително да ја зголеми својата поддршка.

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата за проневера на фондови

Зголемена поддршката на Ле Пен

Самата Ле Пен и нејзината партија уживаат голема популарност во анкетите за јавно мислење. Во понеделникот, пред судот, таа ги обвини обвинителите дека бараат нејзина „политичка смрт“ и тврди дека пресудата е дел од заговор за да се спречи Националниот собир да дојде на власт.

Ле Пен ќе го задржи своето место во Националното собрание на Франција до крајот на мандатот. Во моментов, таа ја предводи најголемата опозициска партија во парламентот.