Најголемиот број од затворите во земјава немаат редовно вработен лекар, имаат само визитиг од страна на вработени лекари во јавно здравствените установи кои одат еднаш, два пати, три пати, и тоа само по неколку часа, алармираше денеска Народниот правобранител.

-Психијатар скоро никаде нема, оди по час два, и тоа претежно во Скопје, каде што се најголемиот број од затворениците. Во затворите нема ниту соодветен простор, ниту пак има лекарства и други ресурси за соодвтена здравствена заштита на затворениците. Во затворот тво Тетово, на пример, практично е невозможно затвореник да ги користи здравствените услуги од секундарното и терцијарното здравство, а Законот за извршување на санкции им го гарантира тоа. Но, во ваква ситуација, затвореникот сам од џеб мора да си плаќа за овие услуги, изјави Зибери.

Тој посебно нагласи дека за да се средат овие проблеми во затворите мора пред се да се зајакне соработката меѓу Министерството за правда и Министерството за здравство, кое според народниот правобранител е најповикано за подобрување на состојбата во затворите кога станува збор за грижа за здравјето на затворениците.

Првиот човек на министерството за здравство, каде веќе алармирал народниот правобранител вели дека се разгледуваат две опции за решавање на проблемот.

Народниот правобранител има забелешки и за начинот на кој постапувале полициските службеници кон приведените. Најголем проблем е што овие лица кога ќе влезат во полициска станица, остануваат без адвокат. Па така правото на бранител лани го искористите само 1 процент од полнолетните и 3 проценти од малолетниците.

Посетите биле спроведени од 2ри до 7ми ноември минатата година. 9 посети имало во полициските станици, 10 во затворите и 6 во центрите за згрижување и задржување странци. Станува збор за 10ти по ред извештај на народниот правобранител, а е презентиран во пресрет на утрешниот меѓународен ден на поддршка на жртвите од тортура.