Од Управата за извршување на санкции истакнаа дека токму затоа решението требало да се бара во алтернативните мерки, односно судовите наместо казна затвор онаму каде што можеле да изрекуваат мерки како општо корисна работа, условен отпус со и без надзор и слични мерки.
-Работиме во делот на пробација, односно заедно со судовите, апелиравме до нив да изрекуваат што е можно повеќе алтернативни мерки, со што би допринеле и во делот на ресоцијализација, односно би ги растеретиле сместувачките капацитети во казно-поправните домови, рече Марјан Спасовски, директор на Управата за изршување на санкции.
Во сите затвори во Македонија се сместени над 2.000 осуденици. И во прилепскиот затвор има 11 затвореници повеќе од капацитетот. Вкупно се сместени тука 119 лица.
-Можеби одредени механизми кои ги нуди Законот за пробација, дел од овие осудени лица можеби ми можеле да се дислоцираат од затворските ѕидови и да се релаксира самиот затворски систем, истакна Александар Дамески, директор на затвор Прилеп.
Од Европската Унија пак се уште сметаат дека условите во македонските затвори се лоши и дека е потребно нивно значајно подобрување
-Условите во затворите во државата навистина се многу тешки и според проценките на Совето на тие може да се дефинираат и како несоодветно постапување, истакна Фрек Јанмат, раководител во делегацијата на ЕУ во Скопје за проекти поврзани со владеење на правото.
Денеска во затворот во Прилеп во насока на подобрување токму на овие услови се отвори библиотека и детско катче за подобар престој на дечињата во КП домот кога одат во посета на нивните родители кои се сместени тука. Исто тала
Од ЕУ се обезбедени средства за опремување и на 6 амбуланти во затворите во Македонија.