За студентите кои студираат на Земјоделскиот факултет, сфаќањата дека земјоделството претставува работа на нива влијае врз заинтересираноста за овој смер. Според нив, пазарот на труд нуди добри можности за работа и приходи.

Професорот Ордан Чукалиев вели дека младите воопшто не гледаат перспектива во секторот на земјоделството бидејќи повеќето на земјоделството гледаат како на стара, а не модерна дисциплина. Според него модернизацијата на средствата и поволните плати ќе ја вратат заинтересираноста во овој сектор.

Иако во Македонија Факултетот за земјоделски науки и храна функционира веќе 74 години, сепак има недостиг на експерти во секторот на земјоделството.