Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, но нивото на Преспанското Езеро е за 1,52 метра пониско од просечното иако за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од просекот за овој период од годината.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава и се во рамките на вчерашниот ден со благи поместувања нагоре или надоле. Единствено натпросечно е нивото на реките Пчиња на мерното место кај Катлановска Бања и Струмица кај Сушево.