Многумина ќе речат дека пред неколку десетлетија, машините биле направени да траат подолго и дека секоја куќа можела да се пофали со уред којшто ќе ја пречека и следната генерација. Како што потврдуваат и стручните лица, овие уреди не биле евтини, но биле гарантирано трајни.
Како што пишува српски „Новости“, денес белата техника не е направена за да се натпреварува по квалитет, туку по цена и, честопати – заради побрза заработка. Затоа и цените се пониски, но многу уреди траат само неколку години.
Во секојдневието се случува уред да се расипе веднаш по две години од купупвањето. Тоа е законскиот рок на гаранцијата во којшто производителот ќе мора да го поправи или замени. Но, истражувањата покажаа дека огромен број на производи од бела техника во отпадот, можеле и да се поправат.
Затоа, меѓу другото, Европската комисија и ја усвои новата директива што ги обврзува производителите да обезбедат резервни делови за машини, фрижидери, шпорети и сл. за 7-10 години по купувањето. На тој начин потрошувачите би биле позаштитени, сметаат познавачите.