Анализа на пресудата на скопскиот Граѓански суд со која на лице кое не е осудено му се блокираат 700 илјади евра на барање на фирмата каде управител е сопругот на членката на Судскиот совет, Весна Дамева, Младен Дамев, покажува дека со пресудата судијката Елизабета Настова сторила суштествени повреди на одредбите од Законот за парничната постапка.

 

Одбраната на поранешните газди на Скопски пазар кои според пресудата на Врховниот суд со години се прогонувани без никаква основа тврди дека судот го прекршил законот за Парнична постапка во повеќе членови за што тие ќе под дата жалба.

Според одбраната грубо е прекршен членот 343, став 2, точка 14, од причина што изреката на решението е неразбирлива, противречна , во решението не се наведени причините за решителните факти, а постои и противречност помеѓу изведените докази и утврдената фактичка состојба.

Според нив првостепениот суд со направил повреда на основните начела на парничната постапка затоа што пресудата која е од корист на сопругот на Судски совет од страна на судијка за чија иднина ќе решава токму Весна Дамева, одлучила спротивно на член 4 од Законот за парничната постапка кој вели: „Судот одлучува за тужбеното барање по правило врз основа на усно, непосредно и јавно расправање“.

Дополнително според одбраната судијата го прекршила од
Член 5 став 1 од истиот закон кој вели дека „Судот на секоја странка ќе и даде можност да се изјасни за барањата и наводите на противната страна.“

Одбраната која сите забелешки ќе ги стави во жалбата по апсурдната пресуда вели дека одлуката на судот е донесено надвор од рочиште, во зачудувачки брз временски интервал иако праксата на судот без оглед на итноста на постапката е сосема различна во други случаи (каде не се инволвирани моќни луѓе з.р.).

Според одбраната во случајот не се исполнети барањата за носење одлука без одржување на расправа затоа што тужениот не признал решителни факти за предметот што може да биде основа за блокирање на 700 илјади евра на кои се надеваат сопругот на членката на Судскиот совет Весна Дамева, Младен и неговите газди Фатмир Етеми и Ацо Дудуловски.

Повеќе детали за скандалозниот случај кој во Кривична постапка заврши со одлука на Врховниот суд според која тужените не се виновни и немало основа за нивни прогон кој трае повеќе од една деценија во текстот подолу.

Една од причините зошто македонското правосудство е во ќорсокак