Министерството за економија нема да го смени ставот околу спојување на концесиите за „Иловица – Штука“ и концесионерот „Еуромакс“ и колку и пати да е потребно ќе го достави истиот предлог, концесиите да се спојат, објави Телма.
Иако првично беше соопштено дека Владата ја донесе одлуката по насоки на судска пресуда на денешниот брифинг со новинарите министерот Бектеши ретерираше и кажа дека одлуката се темели врз членот 61 од законот за минерални суровини кој предвидува спојување на концесии и одлуките на Управниот и Вишиот управен суд а со цел да ги штити интересите на државата и да спречи уште еден арбитражен процес и плаќање на евентуални милионски штети.
Министерот Бектеши не ги коментираше тврдењата на министрите Петровска, Спасовски и Шукова дека биле изманипулирани и измамани но покажа дека документите за предлогот за спојување на двете концесии биле закачени на електроскиот систем на Владата на 26 јуни во 15 часот ден пред седницата на Владата на која се гласаше. Тој тврди дека предлогот на министерството за еконмија поминал кај законодавната комсија во Генералнито секретарјат која дала позитивен став и со тоа дозвола да се постави како точка на дневен ред но и дека на гласањето му претходела дваесетминутна дискусија, спротивно од тврдењата на тројцата министри од СДСМ дека немало дебата.
Потребата од итно поставување како точка на дневен ред ја образложи со можноста од поведување на арбитражна постапка.
Министерот Бектеши го впери прстот во Владата бидејќи истиот предлог за спојување на концесиите бил поставен како точка на дневен ред на Владата и во 2018 и во 2019 година но не била донесена никаква одлука, ниту позитивна ниту негативна.
Зошто четири години односно од 2019 до 27 јуни 2023 година економија не дфоставила предлог за носење на одлука за спојување на концесии Бектеши го правдаше повторно со одлуката на Управен суд со која се поништи одземањето на едната концесија на „Еуромакс“.
Според министерството за економија, со спојување на концесиите повторно течат роковите од 4 години во кои Еуромакс треба да достави барања и елаборати за да добие дозвола за експлоатација на минерални суровини и топката ја префрли кај министерствата за транспорт и врски, внатрешни работи и животна средина кои исто така треба да одлучуваат по дел од нив и во секое време може да се произнесат негативно и да се запре процедурата и да се одземе и втората концесија.
Тој е дециден дека компанијата има право да поведе арбитражен спор против државата бидејќи седиштето на мнозинскиот соптвеник е во Швајцарија, држава со која Македонија има потпишано договор за заштита на трговски права и странски инвестии.
Премиерот Ковачевски најави дека чека отчет од министерот Бектеши околу предлогот за спојување на двете концесии, а тој, пак, најави дека ќе донесе само еден нов документ, хронолошки преглед на добиените дозволи, бидејќи сите останати веќе се прикачени во владиниот систем и им стоја на располагање од 26 јуни.