Бугарското МНР го откри условите за „да“ за преговори со Македонија. Според Министерството за надворешни работи на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН дека името РСМ не го означува географскиот регион Северна Македонија, кој се наоѓа во Бугарија. По испраќањето на оваа вербална белешка, Бугарија веднаш ќе престане да инсистира на единствена употреба само на долгото име „Република Северна Македонија“ во ЕУ и меѓународните организации.
Според МНР на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН дека името РСМ не го означува географскиот регион Северна Македонија, кој се наоѓа во Бугарија.
-По испорачањето на оваа вербална нота Бугарија веднаш ке запре да настојува да се употребува долгото име Република Северна Македонија.
Втората точка е дека Македонија ќе запре со малцинските претензиии кон Бугарија потврдувајки дека нема историски ,етнички и други основи да бара малцински статус на било која група на луге кои не се нејзини граѓани на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во чл. 11 ст. 5 од договорот од 2017 година.
Трето Македонија да почне процес на рехабилитација на жртвите од југословенскиот комунузам репресирани на нејзина територија поради бугарските чуства.
– Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија во пракса би го одразувал нашиот заеднички европски цивилизациски избор;
Во четвртата точка преземна била обврска Македонија со Бугарија да ја адаптира содржината на наставните програми со цел објективно да се прикаже заедничката историја, како централен елемент во преамбулата на договорот за добросодество.
И петто, заедничко идетификување и отстранување на таблите и натписите на територијата на Македонија кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите, се наведува во објавата на МНР на Бугарија.
Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев вчера испратил писмо до македонскиот министер Бујар Османи, во кое изразил „очекување за исполнување на преземените обврски од наша страна, како и подготвеност на бугарската страна да се најдат „трајни и одржливи решенија”.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостување на канал 5 телевизија, рече дека на средбата во Софија не биле преземени никакви обврски во врска со наводите на бугарското МНР.
– Овие решенија се разменети како идеи и предлози на состанокот. Идејата и договорот беше на нив да се одговори пред Самитот. Доколку имаме договор, тоа да се преточи во поддршка и тогаш би имале комплетен договор – дефиниран патоказ, прашањата кои ги решава предлогот на поругалското претседателство во однос на јазикот и позицијата на патоказот во европскиот процес и плус зелено светло за почетокт на преговори. И имаме комплетно решение. Негативното е што овој одговор од Софија доаѓа после Советот, значи ја немаме одлуката, но предноста е што ова е индикација дека начелно се прифаќаат идеите како да се надмине проблемот, изјави во гостувањето на Канал 5 телевизија.
Жално е, посочи Османи, што стигнавме во ситуација да бараме гаранции.
– Бугарите од нас да бараат гаранции за имплементација на договореното, а ние сега да кажеме „па и јас сакам гаранција дека ќе добиеме зелено светло за почеток на преговорите“, изјави Османи додавајќи дека се обидува, како што вели, барем од првото читање на писмото, да го интерпретира како прифаќање на решенијата, како конечно решение.
Сепак вели министерот тоа треба да е поврзано со одлуката за започнување на преговори, бидејќи целта и на Договорот од 2017 година е разликите да се стават во една рамка и заеднички да се најдат решенијата и да се преземеме обврските.
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ основна грешка во договорот, вклучително и Преспанскиот е што во двата договори нема никакви гаранции во однос на спроведувањето, особено за посилните страни.
Потпретседателот на партијата, Александар Николоски, изјави дека човек треба да биде политички аматер, или да има други намери, да потпише договор во кој ќе нема заштитни и гарантни клаузули.
-Времената спогодба од 1995 имаше такви, но во овие два договори нема. Затоа нема никаква обврска за Бугарија да не спречува членство на Македонија во ЕУ. Во Договорот стои дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија за членство во НАТО, и ќе ги сподели своите искуства во процесот за пристапување во ЕУ. Тоа не е обврзувачка форма и затоа е ова сега, истакна Николоски во гостување на Телевизија 24.
Тој повторни дека официјално ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија не е запозната со ништо за преговорите со Бугарија. Информациите кои ги имаат, вели тој, се од приватни контакти на партијата кои ги имаат во Брисел, Стразбур, и Луксембург, но и дека имаат институции каде е место да се дискутира.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изминатата недела повторно ја претставуваше Македонија во ПС на Совет на Европа. Во Стразбур ја претстави Македонија во најголемата парламентарна асамблеа во Европа.