Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“.
ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.
Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример, Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.
Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика.
Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ.
Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата.
Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ.
Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек.
Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат – рече Петков.
Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени.
Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот.
Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави.
Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата.
Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи.
Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија.
Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.