Станува збор за тест по предметот Општество за петто одделение, при што се наложува на учениците да изучуваат комплексни прашања поврзани со политичкиот систем на Европската унија.
Тие реагираат дека прашањата кои ги добиваат, како и самиот материјал се несоодветни за нивната возраст.
– Се работи за 10-годишни деца, а ги прашуваат со кои проблеми се соочува „глобалниот свет“ или пак сложени прашања поврзани со евроинтегративните процеси на Македонија. Тоа се работи кои многу политичари кај нас не ги знаат, а камо ли деца од петто и шесто одделение. Крајно сме изреволтирани, велат родителите.
Сите овие проблеми со кои се соочуваат најмладите при својот образовен процес се целосно недопрени од страна на Министерството, а фокусот на Царовска и администрацијата очигледно е кон отстранување на материјали кои се всушност историски факти и се сметаат за „навредливи за малцинствата“, како и процес на дигитализација во време кога голем дел од децата не можат да си овозможат компјутер, таблет или смартфон.
Нивната заложба очигледно е главно врз спојување на двата предмети кои се поврзуваат со националното чувство – Историја и Географија, за што од многу наставници, професори, членови на институти и академици им укажаа дека последиците од процесот би биле многу штетни.
– Потребни ни се вистински реформи на тоа што не чини, а не квази-реформи кои не им одат во прилог на децата, потенцира еден загрижен родител.
Погледнете со какви прашања се соочуваат децата од 5-то одделение во Македонија:
Покрај ваквите прашања, учениците треба да одговорат и на уште посложени прашања кои се изучуваат дури на Политичките студии на Правниот факултет, поврзано со многубројните договори кои го обликувале развојот на Европската унија.