Првиот човек на Собранието вели дека употреба на албанскиот јазик во македонија не е на посакуваното ниво и дека политичката битка на албанските партии треба да биде за целосно изедначување на албанскиот со македонскиот јазик… На почетокто на октомври, законот за јазици треба да се најде на дневен ред пред уставните судии..
Африм Гаши – претседател на Собранието
„Јас длабоко верувам дека правичното читање на уставниот суд ќе ја унапреди употребата на албанскиот јазик на ниво на службен јазик, бидејќи амандманот V вели дека македонскиот јазик и неговото писмо се службени, како и јазикот што го зборуваат над 20 %, исто така во употреба е ист како македонскиот јазик. Идејата на Охридскиот договор беше албанскиот јазик да биде официјален на државно ниво и затоа сум опуштен како ќе се толкува. Албанскиот јазик и нивото на албанскиот јазик е недоволно. Не е на нивото што треба да се користи и нашата политичка битка треба да се развива во насока да ги убедиме сите страни дека албанскиот јазик еден ден ќе биде официјален заедно со македонскиот.“
Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците доведе до нови препукувања на релација власт – опозиција…ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ја обвинуваат претходната владеачка гарнитура дека кога го донеле законот, не биле земени предвид правните последици и неможноста за спроведување…Европскиот фронт пак ја обвинува владината коалиција за обид за укинување на Законот за употреба на јазиците…од владата велат дека оценувањето на уставноста на Законот за употреба на јазиците не е политичка, туку судска одлука и дека ќе ја почитуваат секоја одлуката која ќе ја донесе уставниот суд…
Одлука за Балансерот
Покрај законот за јазици, Уставниот суд ќе треба да донесе одлука и за Балансерот, чие рочиште е закажано за 18 септември.
Пред неколку дена, собранискиот спикер успеа да го преброди првиот тест откако дојде на функцијата…неуспешно заврши барањето за негова смена …Интерпелацијата на Левица, која го обвини Гаши за серија скандали пред се инцидентот со неговото обезбедување на скопскиот аеродром како и патувањето со колона службени возила на свадба во Косово, не обезбеди доволно гласови откако за негова смена гласаа само 21 пратеник а 72-ца беа против.