Хамас се согласува за прекин на огнот и го прифаќа предлогот за примирје со Израел

Хамас се согласува за прекин на огнот, потврдувајќи дека го прифаќа новиот предлог за примирје со Израел. Предлогот вклучува ослободување на заложниците на палестинската територија, изјави неименуван функционер на исламистичкото движење.

Напорите на медијаторите Египет, Катар и САД  во последните месеци досега не успеаја да постигнат трајно примирје во 22-месечната војна што го опустоши Појасот Газа. Според Цивилната одбрана, 19 Палестинци беа убиени денеска во израелски напади.

Досега ниту еден израелски функционер не го коментираше предлогот за примирје презентиран на Хамас во Каиро.

Хамас го достави својот одговор до медијаторите и потврди“ дека го прифаќа новиот предлог за прекин на огнот без да бара никакви измени“, изјави неименуван функционер на палестинското движење.