Во јавноста се отворија многу прашања за менување на државниот грб на Македонија. Кога и како се појавиле грбовите на Македонија и какви биле тие? Дали треба да се менува државниот грб? На овие прашања даваме одговори со Иван Нацевски – хералдичар, хералд и потпретседател на Македонското грбословно друштво.
На новинарско прашање дали предлогот за црвен лав на златна позадина е „бугарски грб“ Нацевски е дециден дека тоа апсолутно НЕВИСТИНИТО.
Ова е симплификација. Ние можеме да кажеме дека предлогот од 2014 е шкотски грб. Ние можеме да кажеме дека ќе биде белгиски или холандски грб. Не се работи за тоа. Се работи за едноставно објавнување, започна гостинот.
Тој детално ја објаснува оваа тематика.
Јавноста во Македонија треба да знае дека во Бугарија никогаш не бил употребуван црвен лав на златна основа. Тоа значи дека било какво толкување црвен лав на златна основа како бугарски симбол е научно неосновано, категоричен е Нацевски за Радио Лидер.
Нацевски се повика и на познатиот историчарот Мавро Орбини.
Разликата во илирската хералдика зависело од тоа што било значајно од тоа за авторите што ги правеле делата. Витезовиќ и Шефаровиќ кои прават книги за ознаки се повикуваат на делото на Мавро Орбини. За нив македонскиот грб претставува црвен лав на златно поле. Како таков, овој грб ќе биде употребен на знамето на разловечкото и кресненското од 1876 и 1878 година од страна на Димитар Поп Георгиев Беровски, вели Нацевски.
Гостинот Нацевски напоменува дека предлогот од 2014 година веќе има практична воена употреба со кресненското и разловечкото востание.
Предлогот од 2014 година произлезе од нашите истражувања и е директно земен од грбовникот на Жерон Дебара од крајот на 16 век и е опишан како грб на Александар Македонски. Има длабока и широка поврзаност меѓу грбоите на Александар Македонски и грбовите на Македонија. Грбовите на Македонија секогаш го следат Александар Македонски, заклучува Нацевски во гостувањето на Радио Лидер.