– Дигиталните даноци никогаш не се најдоброто решение, нагласи вчера Франко, откако претседаваше со состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на 20-те водечки развиени земји и развојни економии на Г-20 во Вашингтон.

На состанокот, финансиските претставници го поддржаа предлогот за измена на глобалниот даночен систем и воведување минимален глобален данок од 15 проценти на добивката на мултинационалните компании со глобални приходи од над 20 милијарди евра и оперативна маргина на профит од над 15 отсто.

Предлогот е финализиран во преговорите под покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и прифатен е од 136 земји, вклучувајќи ја и Хрватска.

Исто така, договорено е земјите да ги поделат правата на оданочување на мултинационалните компании со обемен меѓународен бизнис, а промените предвидуваат постепено координирано укинување на дигиталните даноци кои некои земји ги воведоа, и забрана за воведување нови слични давачки.

Не е одреден конкретен рок за укинување на постојните дигитални даноци.

– Очекуваме земјите да ги укинат даноците кои еднострано ги воведоа до 2024 година, нагласи италијанскиот министер на прес-конференција по состанокот.
Американски официјални лица изјавија претходно оваа недела дека Вашингтон, имајќи ги предвид разговорите за укинување на дигиталните даноци, повеќе нема да мора да воведува реципрочни царини за земјите кои го вовеле тој данок, вклучувајќи ги Италија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Австрија, Индија и Турција.