Желбата беше да се крене свесноста за овој проблем кој е сериозен и се стреми да стане катаклизмичен за иднината на државата. За иднината на населението, изјави премиерот Христијан Мицкоски по лавината реакциии за одданочување на немажени и неженети, во гостување на ТВ Сител.

Има голема дебата во светот на тема демографија и не би можел да се сложам дека даночно олеснување или друг тип се решение, напротив има многу случаи кои се такви, да и покрај големите фискална поддршка и субвенции, не вродиле со плод.  Денеска споменав еден пример со Јужна Кореја. Една од најбогатите светски економии, има  најнизок фертилитет во светот, а  има потрошено 270 милијарди долари во последните 15 години за да стигне стапка на фертилитет од 0,75 проценти. Или за пример да ја земеме Полска, таму имаше програма,, но  има помалку родени бебиња, изјави Мицкоски.

Земете ја Грција или Албанија. Во Албанија на пример  во 1990 година имало 82 илјади бебиња, лани имало 23 илјади бебиња, а оваа година има за 14% помалку споредено со истиот период лани.  Ние во Македонија во 2016 година сме имале 23 илјади бебиња, а лани имало 16 илјади бебиња. Таков е примерот и со Германија. Мораме да бидеме свесни дека изумираме тивко, но полека, кажа Мицкоски.

Ние ќе имаме комбиниран сет на мерки, но тоа е едниот дел на решавање на проблемот. Со носењето на новиот закон кој е во процедура ќе има можност за шест ин витро процедури, наместо досегашните три преку ФЗОМ, понатаму стимулација за прво, второ родено дете, ослободување на мајката од персонален данок на доход во период од една година , две години за второ родено дете. Умот и срцето се најважни, а да овие стимулации ќе ги дадеме, изјави Мицкоски.