Благодарение на голем дел од електричната енергија што доаѓа од обновливи извори, американската држава Тексас може да стане новата дестинација за голем број фарми за рударење со криптовалути, кои планираат да емигрираат од Кина.

Рударењето е процес што бара сериозно количество електрична енергија, со цел да се одржи постојната мрежа и да се генерираат нови монети како награда за рударите. Кинеските провинции Синџијанг, Внатрешна Монголија, Сечуан и Јунансу беа идеални за рударите поради евтината електрична енергија. Сечуан и Јунан добиваат електрична енергија главно од хидроцентрали, а Синџијанг и Внатрешна Монголија од термоелектрани. Сепак, се чини дека ова веќе не се локации каде рударите ќе можат да останат долго време, пренесува Мондо.рс.

Пекинг започна со воведување мерки што спречуваат трговија со криптовалути во рамките на Кина, а се чини дека ова е само една од мерките што кинеската влада планира да ги воведе со цел да има поголема контрола врз паричните текови во земјата.

Од друга страна, официјалните лица на оваа земја силно веруваат и инвестираат во блокчеин технологијата, како идеална основа за економски развој, управување со синџирот на снабдување, следење и споделување на податоци, за употреба во јавните услуги.

Рударите веќе започнаа да ги пакуваат куферите во Внатрешна Монголија, која не ги исполни климатските цели наметнати од Пекинг, давајќи им на биткоин рударите два месеци да ги преместат своите машини, директно обвинувајќи ги за преголемото трошење во регионот.

Ова веднаш стана очигледно затоа што хашрејтот на биткоин значително опадна, што значи дека инсталациите низ целата земја се исклучуваат заради преместување или продажба. Со ова темпо, не би било невозможно над 50 оттсто од рударите на биткоин да се преселат целосно надвор од Кина.

Од друга страна, компаниите кои инвестирале големи износи пари во рударење на биткоин во Кина не се помируваат со фактот дека нивната иднина е неизвесна, па затоа е многу веројатно дека тие ќе ги преместат своите фарми во земји каде ќе имаат помирна клима и извесна иднина.

Добрата работа е што машините потребни за „копање“ на биткоин и други криптовалути се лесно преносливи и не бараат премногу скапи и специјализирани услови. Доволно е да се обезбеди добро ладење, интернет конекција и евтина електрична енергија.

Тексас, од друга страна, е држава која има многу либерални закони кога станува збор за криптовалутите, и нуди многу ниски цени кога станува збор за електрична енергија. Пред две години, дури една петтина од електричната енергија доаѓаше од обновливи извори како што е ветерот, и оваа држава има големи планови тој удел постојано да се згголемува.

Покрај тоа, електричната мрежа им овозможува на корисниците да изберат даватели на услуги кога станува збор за електрична енергија, што е уште еден чекор што може да привлече крипто-фарми во САД.

Според претставниците на неколку големи крипто-менувачници, се очекуваат големи промени во следните неколку месеци кога станува збор за рударењето на крипто валутата биткоин. Тексас изгледа како логична дестинација поради евтината електрична енергија што доаѓа од обновливи извори, но и поради повеќето политичари кои активно промовираат рударење, така што постои голема можност САД да го преземат водството кога станува збор за рударење на биткоин.

Покрај Тексас, алтернатива на рударите може да биде Казахстан, кинески сосед чија електрична енергија доаѓа и од „валкани“ извори – електрани со јаглен. Покрај тоа, Казахстан има либерални закони кога станува збор за изградба на згради, што е идеално за рудари кои сакаат брзо да направат физички инсталации за своите фарми за краток временски период.