Министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек дојдоа денес во заедничка посета на Македонија што министерот Бујар Османи ја опиша како посета на силни поддржувачи на нашата држава.
Османи им порача дека сме блиску до јунскиот самит кој преставува можност за Македонија да ги почне преговорите со Унијата и дека е време да се мобилизира цела енергија за да стигнеме до таа цел.
Словенечкиот министер Логар нагласи дека тие се неформална група за Западниот Балкан во ЕУ, дека пратиле писмо до високиот претставик Жосеп Борел барајќи да се расправа за регионот, дека покренале и други иницијативи, порачувајќи дека сега е време на ЕУ да испорача од своите ветувања на Македонија. Тој изрази задоволство што претседателите на Македонија и на Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, ќе патуваат заедно во Рим бидејќи тоа е добра прилика да разговараат за проблемот, нагласувајќи дека Словенија му дава големо значење на дијалогот.
-Сакаме да го донесеме прашањето за Западен Балкан на врвот на европската агенда како стратегиско прашање. Местото на земјите од регионот е во ЕУ, рече Логар.
Шаленберг рече дека ова е многу силен сигнал од Централна Европа дека преговорите со Македонија и со Албанија за нив се стратегиски интерес. Тој нагласи дека ја подржуваат целосно работата на португалското претседателство со оценка дека ова е клучен период.
Кулханек , пак, рече дека нивната заедничка мисија во Македонија е да пратат порака дека ги ценат сите прашања што ги реши нашата држава досега во процесот на евроинтеграција, дека стратот на преговорите е долго одложуван и дека Австрија, Словенија и Чешка силно ја подржуваат португалската иницијатива да се организира првата меѓувладина конференција. Не е тајна, рече тој, дека градењето добрососедски односи е клучно во евроинтеграцијата, но тоа не треба да се користи за решавање на билатерални прашаења, додавајќи дека и Централна Европа имала вакви отворени прашања, но ги наминала. Според него, ЕУ и земјите од Западен Балкан имаат имаат заедничка иднина и во тој поглед Македонија може да смета на нивната целосна поддршка.
-Никој не сака да оди во детали, ова е процес што е во тек, одговори Шаленбег на прашањето дали е оптимист дека ќе има решение откако Бугарија се изјасни негативно за предлогот што го понуди португалското претседателство.
Треба да направиме се што е можно тоа да се случи, дополни чешкиот министер.
-Има моменти во политиката кога некои работи треба да се направат. Во исто време има извесни моменти кога е подобро да не се зборува. Целосно го подржуваме португалското претседателство и имам уверување од нив дека го подржуваат нашето претседателство, иако не ни треба. Најдобро е да немаме политичка дебата за спорот бидејќи тоа во моментов е во ваш интерес, додаде Логар.