На тековната листа за долгорочни хартии од вредност на Македонската берза, акционерските претпријатија се рангирани според профитабилноста за првите девет месеци од годината.

Трите најголеми банки ги заземаат првите три места. Заработката на популарната банкарска тројка беше пријавена преку пазарот на капитал

Комерцијална банка е најпрофитабилна компанија во првите девет месеци од годинава со 49,6 милиони или 50 милиони евра. Растот е зголемен за 64,7% во однос на минатогодишното слично време.

Стопанска банка, за првите три квартали заработила 40,3 милиони евра. Растот во однос на претходната година е 20,3%.

Третата банка одма позади нив  и има добри резултати во првите три квартали е НЛБ банка, со нето добивка од 39,6 милиони евра, за 19,1 отсто раст повеќе од лани.

Македонски Телеком е на четвртото место по профитабилност со над 27 милиони евра нето добивка. Оваа фирма работеше подобро од претходната година, што се гледа од нејзината добивка од 30%.

Алкалоид во првите девет месеци од годината фирмата остварил 21,1 милион евра, што е раст од 13,6% во однос на претходната година.

Цементарницата УСЈЕ Скопје годинава закрепнува до профитабилност откако лани беше потисната од високите цени на енергијата. Во првите девет месеци од годината таа изнесува 18,1 милиони евра, што е за 79% повеќе во однос на претходната година.

На 7 место е Макпетрол со 10,7 милиони евра, малку послаб резултат од ланската година за 33%.

Нафтените бизниси се најпрофитабилните оваа година, иако нивните приходи се намалија во првите три квартали поради падот на цените на нафтата и бензинот и намалената употреба.

Со заработка од 9,34 милиони евра Мермерниот комбинат Прилеп е на седмото место со пад од 6,5 отсто.

УНИ Банка, која скокна на деветтото место по профитабилност, со 5,5 милиони евра нето добивка во првите девет месеци, што е раст од 35 отсто.

ОКТА е на десеттото место со добивка од 5,1 милиони евра, за 59% помалку од лани, додека „Макпетрол“ е на седмото место со 10,7 милиони евра.

По ОКТА,  следи Прилепска пиварница со добивка од 3,34 милиони евра за девет месеци и забележителен пораст од 90%, а потоа следи ОИЛКО со 3,26 милиони евра и раст од 42%.

Винарската визба „Тиквеш“ има најголем пораст на профитабилноста од 181 отсто во првите девет месеци, а по неа е „Макстил“ со 2,8 милиони евра.

Извор: Faktor