„Најчести правописни грешки“ е насловот на текстот на познатиот инстаграмџија „Боемот 2.0“. Неговата објава може да ја погледнете во продолжение:

Забележувам дека младите прават многу грешки при пишување на македонскиот јазик, па затоа пишувам едукативна објава да ги надминеме овие пропусти од основно училиште.
Најчести грешки на младите при пишување:
Не + придавка/именка – еден збор (пример: неубав, нејаден, неуспешен). Не + глагол – два збора, се пишува одвоено (пример: не знам, не можам, не сакам)
Се‘ уште – два збора, надреден знак над е.
Евтино се пишува со буквата в, а не со ф. Исто како што автомобил го пишувате со в, а не аФтомобил. Детски, светски, претседател и други зборови кои иако се слушаат со ц, не се пишуваат така.
Сфаќа – глагол (синоним: разбира). Сваќа – жената на сватот.
Кој – заменка која се однесува на именки во еднина. Пример: студентот кој го чита Боемот.
Кои – заменка која се однесува на именки во множина. Пример: студентите кои го читаат Боемот.
Има редни броеви кои се пишуваат со удвоено т. Пример: петти, (а не пети – тоа е дел од ногата) деветти, десетти. Исклучок е само бројот шести кој се пишува со едно т.
Месеците и деновите во неделата секогаш се пишуваат со мала буква. Пример: февруари, (а не фебруари) март, април, понеделник, вторник.
Степенувани придавки секогаш се пишуваат како еден збор. Пример: подобар, најдобар (еден збор, споено)
Сум забележал дека младите погрешно го употребуваат сврникот „така што“ и наместо тоа го користат српскиот сврзник „така да“. По интерпункциски знаци мора да има празно место (по знакот, пред знакот никако).
И ова не го пишувам за да знаете за во училиште да ви пишат петки. Ова треба да го знаете за да не се посрамотите каде било понатаму во животот. СТрам да ви е ако и после оваа објава се‘ уште грешите.

Боемот 2.0 #ЈазикотЕИдентитетот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Боемот 2.0 (@boemot2.0)