„Мировна мисија“
Орбан објави и фотографија од аеродромот со хаштаг „Пекинг“.
„Кина е клучна сила која може да создаде услови за мир во руско-украинскиот конфликт“, објасни тој.
Интернационални средба на Орбан
На 5 јули Орбан разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за можните начини за решавање на конфликтот во Украина и условите за почеток на мировните преговори. Три дена претходно, на 2 јули, тој го посети Киев, каде што разговараше за ова прашање со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Кина да е посредник за руско-украинскиот конфликт?
Орбан ги пофали „конструктивните и важни иницијативи“ на Кина за постигнување мир и го опиша Пекинг како стабилизирачка сила среде глобалните превирања.
Освен Русија и Украина, крајот на војната „зависи и од одлуката на три светски сили – САД, ЕУ и Кина“, напиша Орбан во објавата на Фејсбук.
Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на „создавање услови“ за „директен дијалог“ меѓу Украина и Русија. „Само кога големите сили ќе покажат позитивна наместо негативна енергија, може да има трошка надеж за што поскоро прекин на огнот во овој конфликт“, нагласи Кси. Кина и Унгарија „фундаментално ги делат“ истите идеи, додаде кинескиот лидер.
ЕУ негодува
Неговата посета на Кина во медиумите е дефинирана како официјална. Но, тој се претставува само себеси и својата земја затоа што Европската Унија и НАТО изјавија дека не му дале никаква овластување да преговара во нивно име.
Следна дестинација Вашингтон
Виктор Орбан од Пекинг замина директно во Вашингтон, каде од утре ќе учествува на состанокот на високо ниво на земјите од НАТО.