Но еве неколку факти кои сигурно не сте ги знаеле:

Кафето е овошје

На големите плантажи, кафе расте на грмушки како мали црвени бобинки наречени цреши од кафе и да, се смета за овошје.

Најдоброто се одгледува на голема надморска височина

Додека созреваат зрната сакаат ладна и влажна клима која им овозможува постепено развивање на сложени вкусови. Колку повисоко се одгледува кафето, толку подобро и поквалитетно е. Етиописките растенија на пример се одлгедуваат на надморсак височина 1.500 метри и имаат цветни и овошни ароми. Бразилско кафе се одгледува на 1200 метри надморска височина и носи арома на орев и чоколадно. Оние кои се одгледуваат на 900 метри имаат тенденција да бидат зелени и не толку ароматични.

Производството трае долго

Производителите на кафе посочуваат дека може да поминат и две и пол години додека нивните грмушки од кафе родат плод. Потребна им е и прецизна грижа, првите шест месеци треба да бидат во засенчени расадници, а најтешка фаза во одгледувањето е бербата која често се прави рачно.

Постојат два главни типа на кафе: арабика и робуста

Двата најчесто консумирани вида кафе се арабика и робуста. Арабика е послатка со поголема киселост, со комплексни ароми и вкусови. Робуста пак има поголема содржина на кофеин и интензивен вкус.

Зрната кафе се кафеави затоа што се печат

Кога ќе помислите на кафе, веројатно замислувате ситно, мелен кафеав прав (или кафеави зрна), но суровото кафе всушност е зелено се додека не се испече. За време на печењето, скробот се распаѓа во шеќери кои се карамелизираат, давајќи му кафеава боја на кафето. Исто така, се развива миризливо масло наречено кофеол.

Може да печете кафе дома

Кафето е најдобро една недела по печењето, затоа страсните љубителите на кафе купуваат сирови зрна за да си ги испечат сами.

Има долга историја

Познатата легенда за тоа како било откриено кафето датира од 850 п.н.е. кога еден етиопски козар забележал дека неговите кози се поенергични кога се хранеле со зрели плодови од грмушка од арабика. Козарот Калди ги пробал плодовите и го забележал ефектот на кофеинот и на себе.

Кафето потекнува од Етиопија

Без разлика дали приказната за чуварот на кози, Калди е вистинска или измислена, Етиопија се смета за родно место на кафето иако во таа земја најмалку се консумира. Во регионот на Кафа, приближно 460 километри југозападно од главниот град Адис Абеба, грмушките растат спонтано без човечка интервенција. Планинскиот шумски предел содржи близу 5.000 диви сорти кафе.