За петицијата „Учебници и настава од Септември“, која досега ја потпишаа повеќе од 11.600 граѓани, Царовска вели дека родителите се доведени во заблуда дека во иднина нема да има учебници.
– Апсолутно тоа е погрешна слика која некој се обидува да ја постави и групите имаат дел родители, но исто така е многу интересно што во нив имаме и партиски структури. Затоа ги повикувам родителите на бидат информирани, детално да ги следат одговорите на прашања коишто ги пласира МОН како надлежна институција, да не подлегнуваат на манипулации, на партиски ботови кои се поставуваат во одредени групи. Тоа е значајно многу поради здравјето и интересот на нашите ученици, рече Царовска.
Според неа, до лани најголема дискусија меѓу родителите била тежината на ранците, а со оваа промена се решава тој проблем.
Појасни дека дигитализацијата нема да значи дека децата цел ден ќе бидат пред електронски уред бидејќи идејата е децата повеќе време да поминуваат во училиште, а домашните задачи да се пишуваат во училиште.
Инаку, притањето на учебниците за оние родители кои ќе сакаат нивните ученици да учат од хартија ќе паднат на товар на родителите.
Училиштата се обрзани хартиени учебници да обезбедат за децата кои доаѓаат од социјално ранливи категории. Токму тоа и предизвика најмногу реакциии во јавноста. На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави група „Учебници и настава мора да има“ во која досега зачленети се околу 50.000 членови.
Се очекува од понеделник претставници на родителите ќе ги формализираат нивните барања и заедно ќе бараат од МОН родителите да не ги принтаат сами учебниците туку тоа да го прави МОН, но и децата од први септември да се вратат на настава со физичко присуство.