Родителите во неизвесност: Додека нема писмена наредба дали дечињата без ди-те-пер вакцина можат да одат во градинка?

Родителите на оние деца коишто не се целосно вакцинирани со ди-те-пер вакцина или не се воопшто вакцинирани, изутринава беа во неизвесност дали нивното дете ќе биде примено во градинка. Инаку забраната за прием на невакцинирани деца важи и за приватните градинки.