ЕУ нема механизам со кој некоја држава ќе ја натера на сила да го смени своето мислење во однос на одредено прашање, но има интерни алатки кој што се однесуваат на одредени условувања.
Франција и Германија ќе треба добро да искалкулираат што ќе преговаарат со Бугарија вели универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин бидејќи Макрон не сака да ги навреди и маргинализира државите од Западен Балкан и има желба преговорите со Унијата Северна Македонија и Албанија да ги отпочнат за време на претседателството на Франција со ЕУ.
Прашањата за проширување на Европската Унија постепено излегуваат во преден план што можеби се должи на американската дипломатија но и најавата на Макрон дека на Европа и е потребно географско преструктуирање, додава Ружин.
Лидер: Дали Скопје и Софија се под силна дипломатска офанзива пред јунскиот самит и што да се очекува од специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар од и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој денеска е во Охрид а веднаш потоа заминува за Софија?
-Пршањата кои на извесен начин беа маргинализирани заради кризата во Украина, како што се пред се проширувањето на ЕУ, односно добивањето на датум за отпочнување на преговорите постепено сега излегуваат во преден план. Ова од една страна можеби се должи на американското влијание а од друга страна она што го најави самиот Макрон дека на Европа и е потребно географско и организационо реструктуирање.
Укажувајќи извесна солидарност кон политиката на ЕУ, Севрна Македонија и Албанија практично го оправдаа тоа што го бараше ЕУ и сметам дека овие потези што сега ги прави европската дипломатија се во ред иако гледаме дека одговорот на Бугарија е постојано фрустирачки, несоодветен, честопати песимистички што наидува на извесен европесимизам и скептицизам кај нас.
Важно е дека постои одреден притисок, важно е дека постои одреден дијалог и тоа е најбитно во дипломатијата да се одржат преговорите, да продолжат преговорите, па ќе видиме како истите ќе завршат пред смитот кон крајот нан месецов.
Лидер: Има ли волја и надеж за време на француското претседателство да се трегне ветото и да се стртува процесот за преговорите со Унијата?
-Макорн прво беше оптоварен со неговиот избор. Окако победи сега е оптоварен со парламентарните избори кои ќе се одвиваат во 2 круга, едниот е на 12 а другиот на 19 јуни.
Тој не сака да биде избран премиер кој на извесен начин ќе му посмета во неговите апсолутистички амбиции и се бори да изнајде решение кое ќе му одговара нему и кое решение е битно за неговата европска агенда. А европската агенда знаеме дека му е доста амбициозна.Сака со нешто да почне. Има одредена грижа на совест од она што го направи во 2019г. има контакти и со наши лидери. Мислам дека сака да ја исправи таа грешка, тој пропуст кога после неговото НЕ, практично доживеавме лавија од страна на Бугарија.
Тој мора од некаде да почне. Гледаме дека Германија е заинтересирана да се даде датум за отпочнување на преговорите. Макрон нема никакви опасности сега во однос на неговата политичка кариера, бидејќи во Франција мандатот на претседатели е ограничен на два. Има слободни раце, широк простор.
Европската агенда на Макрон му е доста амбициозна а Унијата се повеќе ослабува . Расте евроскептицизмот па затоа францускиот претседател бара начин како да ја исправи грешката кон државите од Западен Балкан.
-Онаа идеја која што отпочна за Европската Политичка Заедница мислам дека е тешко остварлива. Но тоа повеќе е да ги смири украинците кои уште на 1 март, Зеленски го постави како план на Украинската иднина, Украина да стане кандидат и стане некао членка, тоа не може. И сега се почнува од тоа што може. Бидејќи спротивно, прво знаат дека расте евроскептицизмот во регионот, второ знаат дека мора нешто да направат во однос на на ЕУ бидејќи како што гледаме таа е под склероза, односно затворена, слаба, покажа големи слабости со САД во однос на кризата, неединствена е.
Така што се настојува нешто да се почне и мислам дека на тој начин би сакал тој да го заврши тој мандат на Франција како претседавачка држава. Мислам дека има желба да се отпочне со преговри , да бара да не ги навреди и маргинализира државите од Западен Балкан.
Лидер: Рековте има волја , желба но дали има време Макрон да го симне ветото на Бугарија до крајот на месецов?
-Тоа е одговор од милион долари.Тоа никој не го знае, бидејќи Бугарија е непредвидлива држава во смисла на нејзината политичка тактика. Таа ги менувавше, целите амбициите, пакет на барања 4+1,па 5+1, па одеднаш работите се сведоа само на Уставот.
Да се разбереме во ЕУ нема механизам со кој некоја држава ќе ја натерате на сила да го смени своето мислење во однос на одредено прашање, освен интерни алатки кој што ќе се однесуваат на одредени условувања. Знаеме дека Бугарија бара да стапи во Евро зоната, но тоа тешко ќе се оствари.
Добивањето датум за преговори за Мекедонија е премногу мал влог да се изедначи со евростабндардот на Бугарија но од друга страна постојат други форми како што се распредлба на Буџетите итн…каде што еден моќен лидер како што е Макрон може да влијае на тоа.
Прашањето е дали таквата алатка, таков инструмент е доволен или е прејак.
Дали тоа што сака да го постигне Бугарија од една страна со ветото е една форма на изедначување на тој инструмент што би го употребиле Германија и Франција.
Прво бараат по пат на убедување да им дадат до знаење на Бугарија дека треба да прифати тоа но како што гледеме претседателот на Бугарија Радев е многу уопрен, на тоа воопшто не реагира а Петков е должен да ја спорведува таа политика која ќе му овозможи да остане на власт.
Тоа се интерни работи што мислам дека сепак една Франција и Германија обединети заедно можат да го решат проблемот на некој внатрешен план но засега очекуваме да видиме што ќе се случи. Да се надеваме на најдобро.