-Очекувам дека Германија ќе продолжи да биде дел од нуклеарната размена бидејќи тоа е многу важно за Европа и мултилатералната рамка, рекол на конферецнијата која ја организирале Германско-атлантското здружение и Сојузната академија за безбедносна политика.

-Алтернатива за НАТО поделбата на нуклеарното оружје се различни видови на билатерални односи. На Германија е да одлучи дали ќе има нуклеарно оружје на нејзина територија, но алтернатива е да се префрли во други земји од Европа, рекол тој, пренесува “Tass”.

Столтенберг рекол дека целта е свет без нуклеарно оружје. Но, се додека и други земји го имаат, мора да го има и НАТО.

Тој ги поздравил разговорите меѓу Русија и САД за стратешка стабилност, вклучувајќи го Договорот за мерки за понатамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно вооружување.

Аранжманот на НАТО за поделба на нуклеарното оружје пружа правна основа за распоредување на американското нуклеарно оружје во европски ненуклеарни земји членки како дел од концептот.

Според условите на Договорот за конечно решение во поглед на Германија, кој стапил на сила на 15-ти март 1991-ва година, Германија се откажала од производство, поседување и контрола на нуклеарно, биолошко и хемиско оружје. До крајот на јуни 1991-ва година, СССР ги повлекол сите свои нуклеарни сили од источна Германија.

Меѓутоа, Германија и натаму има американско нуклеарно оружје, како дел од стратегијата за одвраќање на НАТО. До 20 американски тактички нуклеарни бомби “B61” се стационирани, според непотврдени извештаи, во воздухопловната база Бухел.