Тој појасни дека во март имало јасни сигнали за тоа со зголемениот извод, а индустриското произодство бележи раст како и депозитите.

– Заклучно со 18-ти мај годинава, буџетот се држи изненадувачки добро зошто приливите во буџетот покажуваат перманентен раст. Вкупните приходи на буџетот до 18-ти мај во однос на истиот период лани, се зголемил за 13,4%, даноците за повеќе од 14% со придонесите. Одделни типови на даноци покажуваат пораст и сето тоа е индикатор дека економијата заживува. Факт е дека целосното заздравуѕвање нема да се случи годинава, туку догодина, вели академик Фити.

Тој додава дека само САД во глобални рамки има целосно заздравување. Европа, истотака ќе заздрави наредната година. Кај нас, сите движења се под европското влијание.

Потенцира дека ребалансот на буџетот се направил од две причини, едната зошто приливите во буџетот се зголемиле, и кога има поголеми приходи од очекуваната реализација, се гледа како тие сретства ќе се потрошат. Втората работа е дека сите анализи во светски размери и кај нас, покажуваат дека треба и натаму да се продолжи со фискални стимули.