Тој потврди дека МЕПСО бара зголемување на оперативните трошоци и на инвестициите кои планира да ги направи во наредниот период и посочи дека 2020 МЕПСО заврши со шест милиони евра загуба.
– Но она што сакам да го кажам е дека во последните две години на МЕПСО значително му се намалуваат приходите од прекугранични преносни капацитети, односно тоа се пари кои ги добива МЕПСО од страна на трговците на електрична енергија кои што плаќаат за да внесат електрична енергија во Македонија или да транзитира низ Македонија. И ако во 2018, 2019 година овие приходи изнесуваат околу 21, 22 милиони евра, во 2020 и 2021 тие изнесуваат околу 11, 12 милиони евра. Причината за тоа е пред се преносните систем оператори во регионот, нашите соседни преносни оператори и МЕПСО го зголемија капацитетот кој што го даваат на овие аукции и при организирањето на овие аукции важи правилото – доколку нема загушување, нема ни плаќање. И поради тоа што на ниво на Европа се зголемија обврските на преносните систем оператори во однос на зголемувањето на својот прекуграничен капацитет и поради тоа нема толкави загушувања и паднаа приходите. Од декември оваа година македонско – косовската граница влезе во т.н канцеларија за координирана аукција со седиште во Подгорица и земјите кои членуваат во оваа канцеларија прават една заедничка аукција на ниво на регионот – таму членуваат Македонија, Албанија, Црна Гора, БиХ, Грција и бидејќи голем дел од трансакциите се случуваат преку косовската граница, има причини за намалувањето на приходите, вели Бислимовски.
Претседателот на РКЕ појасни дека крајната цена на електрична енергија се состои од еден дел кој што е за набавка на електрична енергија, пренос и дистрибуција и преостанати делови кои се однесуваат на одредена маржа која што треба да ја оствари универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.
– РКЕ влијае на делот на мрежарините, односно на цените на МЕПСО и на Електро-дистрибуција која е компанија во рамките на ЕВН. Тоа значи дека ние влијаеме на околу 38% проценти од крајната цена. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во делот на набавката распишува тендер, на овој тендер ЕСМ има обврска да се јави и да понуди во 2021 година 70% од потребите на потрошувачите на регулираниот пазар. Доколку ЕЛЕМ понуди повисока цена тогаш ЕВН Хоум нема обврска да ја откупи оваа електрична енергија од ЕЛЕМ , туку ја купува од останатите учесници на тендерот, вели Бислимовски.
Тој рече дека кон втората половина на јуни треба да се знаат точно податоците по која цена ЕСМ понудил на тендерот на ЕВН Хоум врз основа на што ќе се знае конечната цена на електричната енергија.
Целото интервју погледнете го на Слободен печат.