Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали се презема нешто во врска со споменувањето на можноста, конечно да се стави ред во употребата на македонскиот јазик особено со емитувањето на странски, односно спортските арена канали во државата, информираше дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот јазик, албанскиот и останатите јазици во државата.

Колку човек повеќе знае јазици тоа е богатство. Јас тоа секогаш го зборувам и тука нема нешто коешто би било лошо. Но, добро е да си го заштитите вашиот мајчин јазик и добро е кога економиски оператори остваруваат некаков профит овде да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик, и во рамките на тоа формиравме Комисија на Владата на седницата на Владата, во вторникот.

Комисија којашто ќе има за задача да оние канали коишто преку кабелските оператори сѐ уште не го употребуваат македонскиот јазик да се направи еве, еден таков вид на напор, да видиме, да тоа унапредување почне и да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останатите јазици коишто во моментов, сега се користат, изјави премиерот Мицкоски.