General Heralding е компанија од медиумската и продукциската дејност основана од новинарот и продуцент Љупчо Златев во 2018 година. Во моментов е единствена компанија која во Македонија се бави со Media Management и Media Development.

Компанијата го менаџира брендот Лидер МК, новинска агенција која функционира од 2014. Во исто време, General Heralding во своето менаџерско портфолио го има и информативното радио со регионална фрекфенција Лидер ФМ 107,4.

Во портфолиото на компанијата се наоѓаат и професионална видео и аудио продукција, подготвена да работи и на проекти од телевизиската и филмската дејност. Компанијата нуди професионални креативни и технички решенија.

Освен медиумските операции, тимот на General Heralding соработува и со бројни меѓународни организации, компании и новински агенции како контрактор во новинарски и продукциски проекти. Нашите клиенти ги снабдувани со продукциски и информативни содржини од Македонија и Балканот.

Последната област во која се развива General Heralding е Business Intelligence.